Во Музеј – галеријата во Кавадарци утре со почеток во 12 часот ќе биде отворена историската изложба под наслов „100 години од Македонскиот фронт“.

Ова изложба е поставена на десет паноа на кои се прикажани бројни сведоштва од Македонскиот фронт, додека акцентот е ставен на секојдневниот живот на луѓето, особено цивилното население кое било зафатено од виорот на војната. Изложбата ја изработи Асоцијативата на наставници по историја на Македонија – АНИМ со финансиска помош и поддршка од Министерството за култура на нашата држава.

Досега изложбата која преку фотографии го опишува периодот на Првата светска војна беше отворено во повеќе градови во државата и насекаде остави силен впечаток кај посетителите. Реализацијата на изложбата „100 години македонски фронт“ во Кавадарци се реализира во соработка со гимназијата „Добри Даскалов“ и Музеј- галерија.

Ми.М.