Во селото Галичник, од денеска до 22 август, ќе се одржува 29-та Меѓународна ликовна колонија, на која учествуваат шест странски и тројца македонски уметници: Стеван Којиќ од Србија, Пиотр Пиаста од Полска, Џили Ависар од Ирска, Тошихиро Сакума од Јапонија, Ирена Сладоје од Босна и Херцеговина и Танасис Раптис од Грција, како и Роберт Јанкулоски, Моника Мотеска и Јана Луловска од Македонија.
Куратори се Сања Младенов-Којиќ, кустоска и поранешна директорка на Музејот на современата уметност од Нови Сад, и Ана Франговска, претседателка и организаторка на колонијата.
Според Франговска, речиси цела деценија оваа колонија се движи во правец на дигиталните медиуми и медија-уметностите, така што поканетите уметници, генерално, се занимаваат со фотографија, видео, инсталација, дигитална графика, звук, перформанс… Предвидено е тие да ја посетат околината, манастирот „Св. Јован Бигорски“ и Охрид.