Од 1 до 3 јули, Битола ќе биде домаќин на четвртото издание на фестивалот „Џез фактори“ (Jazz Factory). И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани
имиња на џез сцената, од регионот и светот. Главната програма ќе се одвива во Народниот тетатар, а дел од оф-програмата во кафе-барот „Порта џез”.
И оваа година фестивалот во Битола носи реномирани имиња на џез сцената, од регионот и светот. Главната програма ќе се одвива во Народниот тетатар, а дел
од оф-програмата во кафе-барот „Порта џез”.
Фестивалот ќе биде отворен со настапите на Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски, Александар Секуловски. Програмата продолжува наредниот ден со настапот на Пеџа
Милутиновиќ и Драмбути квинтет, а на третиот ден настапуваат Хјуман тач и Филип Динев трио.
Како дел од годинешната програма е и хибридната конференција на која ќе зборуваат: Винко Михајловиќ, директор на џез фестивалот во Петровац, Драган Влајниќ директор на џез фестивалот во Кикинда, Ема Попивода, пијанист и директор на фестивалот „Модоарс“, Бојан Стефковски, директор на фестивалот „Џез Фортнајт“, Арлет Ховинга, џез прес промотер и медиумски директор на „Дет џез гирл“, Симон Петерман, музички
директор и радио презентер , Роби Јамник, директор на фестивалот „Џез Равне“.
Изложба ќе има и фотографката Татјана Ранташа, а во Порта џез со свој диџеј сет ќе се претстави Јордан Николов. Инаку досега на фестивалот настапиле: Душан Јевтовиќ, Васил Хаџиманов, тапанарот од Израел кој живее во Лондон – Асаф Сиркиз, Тони Китановски , Теодосиј Спасов, Виктор Филиповски, Сашо Поповски трио, Фирс, Молли Тролли Квартет, Скопје Џез Инк, Лина Авшар, Куарем квартет и Наташа Роџерс, Брама Амити трио, Антоние АВП проект, АЈС квартет, Ирена Благојевиќ, Џоле Грујовски квартет, Кабадајас, Освен музичкото задоволство кое ги очекува битолчани, со
овој фестивал под раководство на реномираниот професор и музичар Сашо Поповски, годинава повторно ќе биде доделена наградата на најдобар млад музичар за 2020 година, насловена по познатиот битолски музичар Гоце Димитровски, кој остави
неизбришливи музички траги во текот на својот живот.
Фестивалот е поддржан од општината Битола, Министерството за култура и НУ. Народен Театар Битола. М.М.