Технолошкиот развој и новите трендови на живот и работа наметнаа високи (општо прифатени) стандарди на деловен и личен успех. Во обид да се достигнат овие стандарди, начинот на живот на голем број луѓе стана динамичен, напорен и стресен. Верен придружник на таквиот начин на живот се стресот и анксиозноста, кои станаa составен дел од животот на значителен број луѓе.
Се смета дека малку стрес е добар за организмот, бидејќи ги изострува сетилата и нè подготвува за различни предизвици, но, анксиозноста е нешто сосема друго и тоа е нарушување што буквално може да го наруши животот на поединецот до степен на болест која се граничи со попреченост.
За да се ослободите од стресот и анксиозноста ви ги препорачуваме едноставни совети техники кои можете да ги примените веднаш.
Подгответе се за утре
Ништо не е постресно од неподготвеноста. Организирајте си го распоредот така што ќе бидете подготвени за новиот ден. На пример, можете да направите листа на обврски кои ве очекуваат утре. Ако знаете дека сте ги забележале сите важни настани за утре, ќе ги минимизирате неочекуваните и стресни ситуации. Со добра подготовка добивате впечаток на контрола и ќе го започнете денот во позитивен тон
Вооружете се со здрави грицки
Луѓето под стрес често се прејадуваат емотивно. Затоа секогаш при рака имате три или четири здрави грицки кои знаете дека веројатно ќе ги посакате – кикиритки, ако сакате солени, или мало парче темно чоколадо доколку сте љубител на нешто слатко.
Пуштете си музика
Според истражувањето објавено во британското списание „Срце“, музиката со бавно темпо и медитативната музика докажано го ублажуваат стресот. Музиката влијае на нашите емоции, па затоа е многу ефикасна алатка во антистресните терапии.
Банкоматот користете го еднаш неделно
Ограничувањето на повлекувањето готовина на еднаш неделно е брз и лесен начин да ги следите вашите навики за трошење. Ако посетувате банкомат секој ден, ќе ви биде потешко да ги следите парите. Определете лимит и плаќајте во готово. Така ќе станете свесни за вашата потрошувачка и ќе станете повнимателни и порационални кога купувате. Парите и финансиите се главните причинители на стресот. Затоа, за да се ослободите од притисокот, треба да ја преземете контролата над вашите финансии.
Запишете ги или разговарајте за вашите проблеми
Пишувањето дневник или зборувањето за проблемите со семејството и пријателите или на виртуелен форум, помага да се чувствувате помалку беспомошно и осамено. Едно истражување покажа дека луѓето кои отворено зборуваат за своите емоции или пишуваат за нив доживуваат помалку стрес од оние кои ги чуваат своите чувства за себе.
Еднаш дневно исклучете се од сè
Без разлика дали имате одличен или ужасен ден, дефинитивно треба да одвоите половина час за да се ревитализирате. Најдете катче каде што можете да бидете сами. Тоа може да биде тивко кафуле, парк или спалната соба, за да се ослободите од обврските на неколку минути. Исклучете се што ви пречи (телефон, телевизија, компјутер) и правете ги оние работи што ве опуштаат. На пример, медитирајте, читајте книга или пијте чај. Важно е да ја повторувате оваа рутина секој ден, за да се опуштите и да ја исчистите главата од црните мисли.