Влијанието што го има вежбањето врз менталното здравје е големо, истакнуваат експертите. Нѐ ослободува од стрес, односно нѐ прави посреќни, а нѐ прави и поиздржливи.
– Науката докажа дека работата на мускулите ослободува хемикалии наречени миокини, кои потоа влегуваат во крвотокот и го подобруваат расположението, ја намалуваат анксиозноста и му помагаат на мозокот да стане поотпорен на стрес – објаснува д-р Кели Мекгонигал.
Важно е да се нагласи дека секој вид вежбање е еднакво корисен, без разлика дали се работи за одење, танцување, кревање тегови или пливање. Најважно е мускулите постојано да се движат. Дури и работите што не се директно поврзани со вежбањето можат да имаат добар ефект врз функцијата на мозокот. На пример, мирисот на средствата за чистење во фитнес-центар може да се поврзе со чувство на задоволство бидејќи сугерира дека наскоро ќе почнете да тренирате, пренесува „Шејп“.
– Вие сте поотпорни бидејќи вежбањето ја подобрува вашата способност за справување со предизвиците. И не само тоа, редовниот тренинг со текот на времето го „променува“ мозокот на подобро, односно го одржува неговото здравје – вели Мекгонигал.
Истражувањата покажаа дека по шест недели физичка активност се забележуваат функционални и структурни промени во мозокот, кои се слични на резултатите што ги даваат најнапредните третмани против депресија.