Тајните друштва и јавното мислење (прв дел)

МАРКЕТИНГ И ПРОПАГАНДА: ПРИЛОЗИ КОН ПРОУЧУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА НА МАРКЕТИНГОТ, МАРКЕТИНШКАТА МИСЛА, РЕКЛАМАТА И ПРОПАГАНДАТА (9)

Фељтон на „Нова Македонија“ според текстови од книгата „Marketing and Propaganda – A brief history of: Marketing, Marketing thought, Advertising and Propaganda“, објавена на Амазон во 2023 година од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент

  • Тајните друштва се господарите на развојот на цивилизацијата. Нивната улога во формирање на општествата е повеќе од очигледна. Дури и најмоќните држави во светот се управувани од елити во сенка. Од јавноста се прикриени зад платформи што ветуваат благодати за луѓето, единство на нацијата, проповедаат верност, преданост и политичка независност. Или накратко – национализам смешан со мајата на популизмот

Што би можеле да научиме ако читаме историја, различна од таа што се учи во образовните институции и бараме информации од други извори, наместо насила наметнатите привидно важни вести од средствата за масовно информирање? Јасно е дека кога две страни се расправаат, третата користи. Доколку ова го аплицираме на една држава или на целата планета, ќе се увериме дека, всушност, е целосно точно. На пример, банките што им овозможуваат заеми на завојувани страни, имаат најголем интерес војната да не заврши особено брзо. Луѓето што не се заинтересирани за древното знаење и прифаќаат само информации што ни се предложени од официјалните институции, не умеат да видат никаква поврзаност помеѓу нештата што ни се случуваат пред очи. А нешто најдобро се прикрива кога се наоѓа насекаде околу нас. Или за да се оттргне вниманието на широките маси од определена ситуација, дејствување, цел или енергија, најлесно е истите тие да се уверат дека тоа што треба да биде прикриено, всушност не постои.
Револуциите по целиот свет се управувани од тајните друштва. Комунистичките идеали и Октомвриската револуција се дел од светскиот план за разделување на планетата. Востанијата против овие системи најчесто се задушувани во крв. Малкумина можат да спознаат дека сѐ што направил Карл Маркс, всушност е модернизирање и кодифицирање на истите револуционерни планови и принципи, кои претходно се напишани од Адам Вајсхаупт. Наводното згаснување на неговото тајно друштво и ден-денес е сомнително, со оглед на тоа што учењата на истото тоа одиграле голема улога во ослободувањето од монархиите, а денешната ситуација само потврдува дека целите и задачите поставени пред неколку века се на добар пат кон нивното конечно остварување. Во канџите на светскиот заговор паѓа држава по држава и тоа ќе продолжи сè додека не се оствари владеењето на определени структури врз целата земја. Загадочните слободни ѕидари, наречени масони, се наоѓаат насекаде по планетата. По осамостојувањето кај нас се регистрирани масонски ложи, кои официјално се занимаваат со дејности што имаат цел да му помогнат на општеството во целина. Голем број политичари, бизнисмени, уметници, лекари, писатели, судии, адвокати, трговци, професори, членуваат во масонски ложи или во парамасонски организации.

Но и помеѓу нив постојат недоразбирања, па така, официјално постојат две големи масонски ложи, неофицијално уште неколку, а јавноста не е запознаена со бројот на големите ложи на парамасонските организации. Уште од дамнина, членувањето во масонските ложи било дозволено само за мажи, но откако жените добиваат еднакви граѓански права, и тие можат да бидат дел од овие структури и организации. Соочени со разделбите, борбите за превласт и влијанијата на личното его и суета на голем број од посветените, имаме за право да се надеваме дека организациите во кои членуваат и дами, повеќе можат да му помогнат на општеството отколку оние во кои членството се состои само од припадници на машкиот пол. Затоа што, со својата развиена десна хемисфера, жените во голема мера можат да повлијаат за подобра иднина на целото општество, а и да донесат ред онаму каде што мажите не умеат. Бидејќи во секој хаос постои скриен ред.
Тајните друштва се господарите на развојот на цивилизацијата. Нивната улога во формирање на општествата е повеќе од очигледна. Дури и најмоќните држави во светот се управувани од елити во сенка. Од јавноста се прикриени зад платформи што ветуваат благодати за луѓето, единство на нацијата, проповедаат верност, преданост и политичка независност. Или накратко – национализам смешан со мајата на популизмот. Во историјата на човештвото постојат повеќе примери за лидери што ги усвитиле главите на луѓето, ветувајќи какви ли не удопства и благодати, за подоцна да овозможат смрт дури и на повеќе од оние што ги излажале. Тајните друштва многу често инвестираат во политички интриганти, кои се лесни за управување. Ленин, Троцки, Хитлер, Пиноче и многу други примери се продукт на финансирањето на тајните друштва. Таквите лидери се одгледувани, учени и советувани од мали затворени кругови на масони и илуминати. Денес светот не е многу поразличен од минатите векови и иако технологиите се менуваат, инструментите за контрола на масите се истите.
Малкумина ќе се сетат дека во 1939 година, министерот за пропаганда на Третиот Рајх дава наредба да се промени фреквенцијата на тонот ла. И покрај негодувањата на илјадници музичари од тоа време, фреквенцијата на овој тон е променета од 432 на 440 херци, па така, влијанието на Гебелс нè прогонува до ден-денес, оневозможувајќи да се зачуваат вибрацијата и хармонијата на вселената. Или овозможувајќи им на оние што се свесни за истото, зависи од гледната точка. Многумина од денешните владетели, кои упорно тврдат дека се испратени од Бога, а всушност се само дел од куклениот театар на политиката, мислат дека Гебелс е татко на пропагандата, не обрнувајќи внимание (незаинтересираноста кон дејствувањето на значајните личности од човечката историја е разбирлива кога станува збор за луѓе од ваков калибар) на Едвард Бернејс и неговата книга – „Пропаганда“. Таму убаво пишува од кога за првпат се користи овој збор, кој денес најчесто се поврзува со секакви различни значења, а најретко со вистинското.
Терминот „нов светски поредок“ јавно е користен од сите американски претседатели, од Никсон, па наваму. Според голем број автори што пишувале во минатите векови, но и според наши современици, милијарди луѓе на планетата живеат во илузија, а пред нашите очи политичарите свесно или несвесно го остваруваат големиот план за светско владеење. Уште од најдревни времиња, тајните друштва ги користат владетелите, денес политичари, за да управуваат со планетата. Денес, во третата деценија од 21 век, стратегијата стигнува до својот крај, и следната цел на новиот светски поредок е централизација на власта, задушување секаква критика кон системот и продажба на сѐ што може да се дефинира како продукт. За жал или за среќа, времето ќе покаже, терминот нов светски поредок денес најчесто се разбира како нешто што започнало од скоро, а повеќемина не умеат да спознаат дека начелно овој т.н. нов поредок започнал уште пред неколку века. Примерите во историјата, која не можете да ја прочитате доколку сте ограничени од она што е овозможено во образовните институции, јасно говорат за случаи во човечката историја кога бил воспоставуван нов поредок, нов ред. Првиот забележан „нов светски поредок“ во историјата бил воспоставен од големиот Македонец, синот на Филип и Олимпија – Александар.

М-р Никола Ристевски

продолжува