На планински превој во австриско-швајцарската погранична област се случила несреќа која предизвикала неверојатна штета од 7,4 милиони евра. Како што објави гермснки „Билд“ во несреќата биле вклучени четири супер луксузни автомобили и нивните сопственици од Швајцарија.
Инцидентот се случил на 10 ноември кога ЛаФерари од 4,9 милиони евра, второ во колоната, ненадејно закочил во тесен свиок. Наводно, возачот ја изгубил контролата при возење и се исплашил. Ферари Суперфаст од 1 милион евра што го следел бил премногу блиску, а сончевата светлина го заслепила возачот, поради што не ги забележал сигналните светла за кочење од оној пред него. Ова резултирало со тежок удар во задниот дел на Ла Ферари, што предизвикало верижна реакција. Ферари Суперфаст се судрил со Мекларен задд себе, додека Бентли од крајот на колоната удрил во групата автомобили и го турнал Мекларен во камен ѕид.
Вкупната штета на овие суперспортски автомобили достигна вртоглави 7,4 милиони евра.
Возачите, кои се на возраст меѓу 40 и 52 години, според локалната полиција, биле крајно засрамени од доаѓањето на службениците и молеле случајот да остане непријавен.
Меѓутоа, експертите сега истражуваат дали несреќата можела да се избегне доколку сопствениците на скапите возила кои дошле во Австрија од Граубинден во Швајцарија го почитувале безбедносното растојание.
Оваа вест предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. Еден од корисниците иронично забележал:
– Оваа несреќа ќе чини повеќе поправки отколку што ќе заработам во целиот мој живот. Сосема лудо.
Германскиот БИЛД ја објави вредноста на возилата вклучени во несреќата:
Мекларен Елва ограничен на 149 примероци (815 КС, 327 km/h) за 1,7 милиони евра.
Ферари ЛаФерари (963 КС, 350 km/h), кој беше направен само 500 пати и кој некогаш чинеше 4,9 милиони евра, неодамна беше продаден на аукција за еквивалент од 6,7 милиони евра.
Ферари 812 Суперфаст (800 КС, 340 км/ч) за 536.000 евра.
Бентли Континентал ГТЦ (560 КС, 312 km/h) за најмалку 230.000 евра.