Џејмс Шоу помладиот не можеше да стои настрана кога напаѓачот со полуавтоматска пушка почна да пука во ресторан во Нешвил, САД, во неделата. А не може мирно да го посматра ниту страдањето на семејствата на жртвите на оружениот напад, како и нивните финансиски потешкотии, без да се обиде да помогне, пренесува „Хафингтон пост“.
Шоу, кој јавноста го прогласи за херој откако спаси повеќе животи, покрена интернет-кампања за собирање на парична помош за семејствата на жртвите, преку веб-страницата „гоуфундми“, преку која веќе собра околу 100 илјади долари.
Тој останува скромен, и покрај тоа што доби признание за неговото храбро дело, од страна на сојузната држава Тенеси.
– Сакам сите да знаете дека ова го сторив, не за да ги спасам луѓето, туку за да го спасам сопствениот живот, а со тоа ги спасив и другите. А тоа е едно од најголемите дела што можете да ги сторите – вели Шоу кој беше ранет во раката, при одземањето на пушката од напаѓачот.
Четири лица загинаа во оружениот инцидент, а повеќемина беа повредени. Напаѓачот беше уапсен следниот ден.