Според верувањата, пивото е најстариот алкохолно – освежителен напиток во човечката историја, а најновите истражувања на Универзитетот на Калифорнија говорат и дека едно пиво на ден позитивно влијае на крвта, циркулацијата, притисокот и нивото на холестерол.
Истражувајќи го влијанието на пивото врз гените, како што пишува списанието ПЛОС Генетикс, научниците дошле до сознанија дека пивото ги продолжува теломерите. Теломер е дел од хромозомот кој според својата должина го одредува животниот век и умирањето на клетката. Тоа ја намалува и веројатноста од рак за пет до седум отсто, сметаат научниците.
Секако, покрај умерената конзумација на алкохол, се препорачува и редовна физичка активност во позрелото доба, зашто и тоа, нормално, има позитивен ефект на продуктивен и квалитетен живот во „златните години“.