Епл ќе воведе нова функција што ќе им овозможи на оние што користат Ајфон, да ја отклучуваат вратата од својот дом или автомобил, со помош на телефонот.
Како што пишува порталот „Енгаџет“, тоа ќе биде изводливо благодарение на НФЦ чип (за „комуникација од непосредна близина“) којшто се употребува преку Епл Пеј. Експерименталната фаза на новата намена на НФЦ чипот се очекува да почне наредниов месец.
НФЦ чиповите се користат и за електронско плаќање, сигурносна проверка на идентитетот на корисникот, па дури и во здравствените услуги.