По појавувањето на видеоснимка во која деветгодишниот Квејден Бејлс од Австралија е малтретиран од неговите врсници на училиште, момчето доби поддршка од илјадници луѓе ширум светот. Неговата мајка Јарака Бејлс вели дека Квејден бил цел на навреди и малтретирање поради тоа што боледува од дворфизам (болеста се одликува со џуџест раст), пренесува Би-би-си.
Видеото, во кое малиот Квејден плаче откако соучениците го навредувале, е прегледано над 14 милиони пати и предизвика низа реакции и коментари со поддршка ширум целиот свет. Познати личности испратија пораки со поддршка, а илјадници родители и нивните деца го сторија истото преку видео-пораки.
– Секојдневно мојот син е навредуван и малтретиран од соучениците. Пријавив кај директорот на училиштето. Сакам да ги замолам сите родители, воспитувачи и професори да ги едуцираат нивните деца, пријатели и семејство – напиша Јарака на социјалните мрежи.
Семејството Бејлс, кое е со абориџинско потекло и живее во австралиската сојузна држава Квинсленд, го опиша секојдневното малтретирање од страна на врсниците во училиште, поради кое Квејден сакал да си го одземе животот.
– Ти си посилен отколку што мислиш. Ме имаш мене за пријател – порача славниот австралиски актер Хју Џекмен преку видео-порака на Твитер, повикувајќи ги сите да бидат љубезни кон другите.
Quaden – you’ve got a friend in me. #BeKind @LokelaniHiga https://t.co/8dr3j2z8Sy pic.twitter.com/jyqtZYC953
— Hugh Jackman (@RealHughJackman) February 20, 2020
Кошаркарот на Бостон селтикс Енес Кантер исто така ја изрази својата поддршка на Твитер и го покани семејството да присуствува на НБА натпревар. Поддршка изразија и спортски екипи од Австралија.
The Indigenous #NRLAllStars are behind you Quaden! ??❤️ pic.twitter.com/52RLy8SrSd
— NRL (@NRL) February 20, 2020
Случката го разбранува целиот свет, а голем број деца му испратија видео-пораки во кои го поддржуваат Квејден и му велат да биде силен.
My 10 year old son Rocco has a message for #Quaden in Australia who has endured a horrible case of bullying. You are strong little man. So many people love you!!!! pic.twitter.com/wO49KABK51
— Jillian Barberie (@askjillian) February 21, 2020
This is my daughter Alessandra kind hearted message to Quaden. #stopbullying pic.twitter.com/lZtP5Fv03b
— Jenny Cornejo (@ButtStallion420) February 20, 2020
Американскиот комичар Бред Вилијамс, кој страда од истата болест, објави на Твитер дека собрал донации во висина од 130.000 долари со кои ќе го испрати семејството на Квејден во забавниот парк Дизниленд.
– Да им покажеме на Квејден и на сите оние кои биле малтретирани дека во светот постои добрина и дека тие истата ја заслужуваат – напиша Вилијамс на Твитер.