Истражувачите на Универзитетот во Сиднеј конечно го разбија митот за консумирање јајца и нивното влијание врз здравјето.
Експериментот кои го направиле со група на луѓе покажал дека консумирањето на 12 јајца неделно, не ја зголемува шансата за кардиоваскуларни заболувања кај луѓето кои имаат предиспозиции да добијат дијабетес и кај оние кои веќе имаат дијабетес тип 2.
-И покрај советите кои можат да се прочитаат во многу изданија за исхраната, нашата студија покажа дека не мора да се воздржувате од консумирање јајца, тие ја прават исхраната здрава – истакна доктор Фулер, автор на студијата, додавајќи дека предрасудите секогаш почнуваат од тоа дека во жолчката има премногу холестерол, влијае на високиот крвен притисок и шеќер.
Студијата покажала дека кај пациентите кои патат од дијабетес тип 2, ни една од овие сосотојби не била предзивикана од зголемениот број на јајца, по што теоријата паѓа во вода.
-Јајцата се извор на протеини и микронутриенти кои добро влијаат на нашето здравје, видот, срцето, крвниот притисок и бременсота – заклучи тој.