Глумецот Џозеф Кампанела почина во својот дом во Шерман Оукс, Калифорнија, на 93-годишна возраст.
Зад себе остави над 200 проекти, а најпознат е по улогите во ТВ сериите „Mannix“, „The Colbys“, „Dallas“, „The Bold And The Beautiful“ и секако – „The Days Of Our lives“, за која во 1989 година доби номинација за Еми наградата.
Кампанела е роден во Њујорк Сити, а студирал на Колумбискиот Универзитет, пред неговата преселба во Холивуд. Зад себе ја остави сопругата Џил, со која е во брак 53 години, седум сина и осум внуци.