Научниците од фармацевтскиот гигант Бајер по три децении вкрстување направија нов вид на кромид кој не предизвикува солзи на очите. Кромидот го нарекоа „Сунион“.
Не станува збор за генетски модифициран произвид, објасни германската компанија на својата интернет страсница.
Кромидот кој не предизвикува солзи на очите засега расте само во САД.
Со оглед на тоа дека новиот кромид „Сунион“ не е интензивен тој може да се јаде свеж како и секој зеленчук. Компанијата сепак не одговара на прашањето дали целосно исчезнува здивот од устата по консумирањето.
Кромидот кој сега го користиме најверојатно повеќе нема да биде инетересен за употреба со оглед на тоа дека доаѓа нов кој ќе овозможи безгрижна употреба без солзи, специјални очила и посебни ножеви.