Вог Арабија го одбрани својот став, во врска со јунската насловната страна на која е саудиската принцеза во автомобил, откако беа обвинети дека го игнорираат притисокот со кој се соочуваат активистките за заштита на правата на жените, пишува Би-Би-Си.
На јунскиот број, на насловна страна е принцезата Хајфа Бинт Абдула Ал Сауд која седи зад волан во автомобил.
Забраната за возење на жените во Саудиска Арабија треба да се укине на 24 јуни, но десетина жени и нивните поддржувачи кои водеа кампања за крај на оваа забрана беа уапсени во последниве неколку недели.
Критичарите списанието го нарекоа сосема глуво, бидејќи неколку активистки се уште се во притвор.
Во изјавата, главниот уредник Мануел Арнаут ги одбрани уредничките одлуки на списанието.
Тој рече дека објавувањето само ги истакнува и дискутира клучните прашања поврзани со жените во арапскиот свет и дека принцезата Хајфа само помогнала нивната порака да стигне до што поголем број луѓе.
-Информирањето и иницирањето на здрави дебати околу значајни теми се приоритет за нас и затоа одлучивме да го потенцираме ова со една икона и моќна слика, која целосно ја доловува својата цел: да се фокусира на регионот и на улогата на жените во саудиското општество- стои во изјавата на Арнаут испратена до Би-Би-Си.
Некои сметаат дека саудиската принцеза не заслужува да биде на насловна страна, а особено не со терминот „движечка сила“, додека други ја поддржаа насловната, велејќи дека магазинот направил историја со приказната за Хајфа и ја опишаа како инспирација.