За нормален и продуктивен живот најважно е да бидете здрави- ментално и физички. Анксиозноста е еден од најголемите проблеми која го нарушува психо-физичкото здравје. Обично настанува од страв, желба за нешто недостижно и не соочување со секојдневните животни проблеми, кои не ги решаваме и од кои не можеме да се ослободиме.
Кога ќе почувствувате напад на паника и вознемиреност во вашато тело, обидете се со овие едноставни техники кои многу ќе помогнат.
Правете склекови
Правењето склекови е најдобар начин да ги оттргнете мислите и да обезбедите доволно крв да проструи низ вашето тело. Веднаш ќе почувствувате олеснување. Склековите ќе ве направат посилни, не само физички, туку ќе ви овозможат да размислувате потрезвено поради забрзаната цирклулација на крв низ мозокот. Кога ќе почнете да ги практикувате, помалку ќе размислувате за своите проблеми, а анксиозноста полека ќе исчезне.
Длабоко дишење
Кога ќе почувствувате дека се соочувате со паника и мислите дека нема да можете да се изборите со неа, вдишете и издишете длабоко неколку пати, седете мирно неколку минути и потрудете се да ги слушнете сите звуци околу вас. На тој начин ќе ги отргнете мислите од проблемите. Дишете длабоко додека не почувствувате мир, а потоа смислете некој рационален план и направете стратегија за некоја акција со која нема да дозволите нападите на паника да ве совладаат.
Возење велосипед
Можеби звучи глупаво, но навистина помага. Не само што возењето на велосипед е некоја вид на вежба, туку ве влучува и во темпо на ритмичко вежбање. Додека се возите низ паркови, вие се поврзувате и со природата која е најдобар лек за внатрешен мир.