Во Амфитеатарот на ИНАЛКО, Сорбона во Париз, утре на 29 ноември ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш ќе го одржи традиционалниот докторски семинар на тема: „Пишувањето како уметност на исчезнувањето“.
По веста за ненадејната смрт на големиот македонски драматург со светско реноме Горан Стефановски, ова патување низ времето пред докторантите од различни меридијани Плевнеш ќе го посвети на творештвото на Стефановски.
Како што е познато уште од првата драма „Јане Задрогаз“ до денес, Плевнеш е автор на повеќе текстови и студии за Горан Стефановски објавени во повеќе водечки ревии од поранешна Југославија, Европа и Светот.