Бред Пит по повод добивањето на својот прв „оскар“, во неделата ја забавуваше публиката, при што на своите коментари им даде политичка нота.
– Ми рекоа дека имам 45 секунди за да зборувам, што е за 45 секунди повеќе отколку што Сенатот му даде на Џон Болтон неделава – рече Пит, алудирајќи на сослушувањата за импичмент на американскиот преседател Доналд Трамп, пред да го спомене режисерот Квентин Тарантино додавајќи „мислам дека Квентин можеби прави филм за тоа“.
Пит зборуваше дека му е чест што има можност да размисли за неговото патување во како во бајка низ филмската индустрија, кога се преселил во Лос Анџелес од Мисури.
„Си било еднаш, во Холивуд“, рече Пит. „ Тоа не е вистината“.
Рене Зелвегер заврши со камбек, освојувајќи по вторпат награда за нејзината кревка, но непопустлива Џуди Гарланд во „Џуди“.
Лора Дерн стигна до својот прв „оскар“ со улогата на адвокатка во „Брачна приказна“ на Ноа Баумбах. Дерн се заблагодари за присуството на нејзините родители, „моите легенди, Дајан Лад и Брус Дерн“.
Хоакин Феникс, кој веќе извесно време е еден од најпочитуваните актери во Холивуд, ја зеде наградата за најдобар актер, за неговиот непредливиот но мрачен лик Џокер. Во својот говор Феникс се осврна на низа прашања меѓу кои се оние за сексизмот и расизмот во филмската индустрија, еколошките катастрофи и вегетаријанството.
– Во текот на мојот живот сум бил измамник, себичен, понекогаш суров и било многу тешко да се работи со мене. Но, многумина од вас во оваа просторија ми дадоа втора шанса – рече Феникс.
Кога луѓето меѓу себе си помагаат, „тоа е најдоброто нешто на човештвото“, заклучува Феникс.
Тој го заврши говорот цитирајќи ја поезијата на неговиот починат брат, Ривер Феникс.
„Тргнете по спас со љубов и мирот сам ке си дојде“, кажа Феникс.