Триесетиосумгодишна Србинка е првата жена на светот која роди бебе со пресадена матка, донирана од нејзината еднојајчена сестра близначка.
Таа роди машко бебе тешко 2.970 грама, а мајката и детето се чувствуваат добро.
Породувањето со царски рез беше направедно во Универзитетската болница во италијанскиот град Болоња.
Интервенцијата била извршена со спинална анестезија, а жената за време на породувањето била свесна.
Таа се одлучила да се породи во Болоња, бидејќи во Италија престојувала поради работни обврски.
Жената останала бремена со постапка на вонтелесно оплодување, по пресадувањето на матката кое било извршено на Универзитетската клиника во Белград.