Фото: Пиксабеј

Од утрово во францускиот затвор Арл трае заложничка криза. Осуденик кој издржува казна во затворот во Арл фатил и држи како заложници неколку членови на затворскиот персонал, јавија денеска француските медиуми, наведувајќи дека единиците за интервенција на полицијата се подготвени да интервенираат.

Локалните медиуми јавуваат дека затвореникот зел пет заложници, четворица членови на медицинскиот персонал и еден чувар.

Се верува дека затвореникот е вооружен со импровизирано сечило. Во затворот е испратена специјална полиција.

Францускиот министер за правда Жералд Дарманин на социјалната платформа Икс напиша дека се мобилизирани сите расположливи ресурси и дека внимателно ја следи ситуацијата.