Според првичните податоци што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, нивните кандидати водат во повеќе општини во вториот круг од локалните избори, вклучително и во трката за градоначалник на Град Скопје.
Во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, според партиските податоци, освоил 34.734 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, добил 16.835 гласови.
Во општина Аеродром, според првичните резултати објавени од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот Дејан Митески освоил 4.130 гласа, додека неговиот противкандидат Александар Трајановски добил 1.560 гласа.
Во Карпош, Сотир Лукровски, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, има 4.750 гласа, а актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски 3.914 гласа.
Во Дојран, Илија Тентов од ВМРО-ДПМНЕ води со 806 гласа, пред Ристо Џинев кој добил 406 гласа.
Во Кочани, Влатко Грозданов, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, добил 1.754 гласа, додека Венко Кртевски од Група избирачи освоил 891 глас.
Во Чучер-Сандево, Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ води со 1.020 гласа, пред Сашко Комненовиќ од СДСМ кој добил 610 гласа.
Во општина Долнени, Сашко Велјаноски од ВМРО-ДПМНЕ добил 1.414 гласа, додека неговиот противкандидат Блерим Ислјами од коалицијата ВЛЕН освоил 502 гласа.


































