Фото: Принтскрин

Министерот за здравство Арбен Таравари при посетата на Словачка ја посетил најголемата болница во државата, „Бори“. Како што информираат попладнево од кабинетот на Таравари, тој во оваа болница се запознал со виртуелната медицина, за што тој смета дека мора да се примени и во нашата држава.

– Мојата посета на Братислава продолжи во болницата „Бори“, најголемата и најмодерна болница во Словачка, каде видов презентација на виртуелна медицина, што несомнено е неопходно што поскоро да се примени во нашите болници – се наведува во писмената изјава на Таравари.

Според министерот, работата и искуството на болницата „Бори“ секако ќе се пренесе и во болниците кај нас, благодарение на меморандумот со Министерството за здравство на Република Словачка.