Исклучителни резултати на Групација Триглав во првото полугодие од 2025-та година

 

Групација Триглав по првото полугодие, ја зголемува својата прогноза за годишниот деловен резултат во 2025-та година.

 

  • Вкупниот деловен обем на Групација Триглав порасна за 18 проценти, во однос на првата половина од минатата година и изнесува 1.065,3 милиони евра. Овој раст, главно е резултат на зголемувањето на бруто полисираната премија во сегментот Имот. 
  • Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 22 проценти и изнесува 109,6 милиони евра, додека нето резултатот порасна за 21 процент и достигна 91,4 милиони евра.
  • Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство, достигна исклучително поволна вредност од 88,2 проценти (минатата година 90,6 проценти). Профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот, изнесуваше солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 процент). 
  • Капитализацијата на Групацијата на полугодието се движеше во рамките на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти.

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Вториот квартал исто така беше успешен, а на полугодишно ниво остваривме деловен резултат пред оданочување од 110 милиони евра. Задоволни сме со постигнатото и, имајќи ги предвид моментално познатите и очекувани деловни околности, до крајот на годината ја зголемуваме нашата прогноза за годишниот деловен резултат пред оданочување во 2025-та година. Првично планиравме меѓу 130 и 150 милиони евра, но сега проценуваме дека ќе оствариме меѓу 140 и 160 милиони евра.

 

Исклучително добрите полугодишни резултати, главно се должат на значителниот раст на премијата. Тоа произлегува од зголемениот обем на осигурување кај клиентите, успешното работење на меѓународниот пазар на реосигурување и осигурување, како и поволните отштетни побарувања. Во согласност со стратешката амбиција за поголема интернационализација на Триглав, дополнително го намаливме уделот на Словенија во составот на премијата, кој на полугодието изнесуваше 52 проценти, а го зајакнавме уделот на меѓународното работење. Успешно ја подобривме профитабилноста на сите осигурителни пазари, што е видливо и од поволниот комбиниран количник.

 

Како и досега, конзервативно управувавме со инвестициското портфолио. Затоа, неизвесната состојба на финансиските пазари немаше поголемо влијание врз резултатот на инвестицискиот сегмент, но во одредена мера влијаеше врз профитабилноста и вредноста на финансиските инвестиции и средствата во управувањето со имот.

 

Оваа година, Групација Триглав доби подобрена кредитна оцена „A+“ од S&P Global, со стабилни среднорочни изгледи. Остануваме добро капитализирани и финансиски стабилни, а нашите деловни резултати и идни изгледи се одразуваат и на вредноста на акцијата на Триглав. Си поставивме високи стратешки амбиции до 2030-та година и, со тим од повеќе од 5.000 посветени вработени, напорно работиме на нивното остварување.“

 

 КЛУЧНИ ФИНАНСИСКИ ИНДИКАТОРИ ОД РАБОТЕЊЕТО ВО ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ ОД 2025-ТА ГОДИНА

во милиони евра
1-6 2025 1-6 2024 Индекс
Вкупен деловен обем (1 + 2) 1065,3 906,1 118
Бруто полисирана премија (1) 1022,6 867,8 118
Останати приходи (2) 42,7 38,3 111
Вкупни приходи 741,7 642,7 115
Резултат од работењето во осигурување (а) 85,8 62,1 138
Приходи од осигурување 699,1 604,5 116
Настанати штети 369,6 287,3 129
Трошоци за прибава на осигурување и административни трошоци, вкл. и неприпишани трошоци 189,8 176,1 108
Нето-резултат од реосигурителни услуги -45,5 -78,8 58
Нето останати приходи/расходи од осигурување -8,5 -0,2 5.178
Нето инвестициски резултат (b) 20,5 20,8 98
Резултат од неосигурително работење (c) 3,3 6,6 50
Добивка пред оданочување (a+b+c) 109,6 89,5 122
Нето добивка 91,4 75,4 121
Друга сеопфатна добивка 6,6 3,8 173
Комбиниран количник Имот и Здравство 88,2% 90,6%
Штетен количник Имот и Здравство 61,7% 63,4%
Расходен количник Имот и Здравство 26,5% 27,3%
Профитабилност од нови склучени договори Живот 12,2% 14,1%
Годишен поврат на капитал 19,2% 17,3%
Поврат на финансиски вложувања 2,7% 3,0%
30. 6. 2025 31. 12. 2024 Индекс
Биланс на состојба 4.636,3 4.538,3 102
Капитал 1.023,5 989,0 103
Маржа за договорна услуга (CSM) 287,5 286,8 100
Средства под управување (AUM) 5.868,9 5.893,8 100
Број на вработени 5.144 5.204 99
Број на вработени (еквивалент на полно работно време) 5.032 5.088 99

 

*Финансиски инвестиции, со исклучок на осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик.

 

Вкупниот деловен обем на Групација Триглав изнесуваше 1.065,3 милиони евра. Сите деловни сегменти придонесоа за неговиот раст од 18 проценти, а најмногу сегментот Имот.

Бруто полисираната премија за осигурување, со-осигурување и реосигурување се зголеми со иста стапка и достигна 1.022,6 милиони евра. На словенечкиот пазар, премијата се зголеми за 5 проценти и изнесуваше 527,4 милиони евра, на останатите пазари во регионот Адриа порасна за 8 проценти на 193,4 милиони евра, додека во поширокото меѓународно опкружување, се зголеми за 61 процент и достигна 301,8 милиони евра. Последново е резултат на зголемениот обем на активно реосигурително и осигурително работење, првенствено на полскиот и италијанскиот пазар. Групација Триглав го намали уделот на Словенија во географската структура на премијата за 6 процентни поени на 51,6 проценти, додека вкупниот удел на останатите пазари во регионот изнесуваше 18,9 проценти (минатата година 20,6 проценти). Уделот на премијата од меѓународниот пазар се зголеми на 29,5 проценти (минатата година 21,6 проценти), од кои уделот на директното осигурително работење (FOS и FOE) достигна 9,1 процент, а уделот на премиите од реосигурување 20,4 проценти.

Деловниот резултат на Групација Триглав пред оданочување изнесуваше 109,6 милиони евра, што претставува раст од 22 проценти во однос на минатата година, додека нето резултатот порасна за 21 процент и достигна 91,4 милиони евра. Групацијата работеше профитабилно во сите сегменти, освен во сегментот Здравство. Во делот на работењето што се однесува на осигурување, оствари 85,8 милиони евра деловен резултат пред оданочување (раст од 38 проценти), 20,5 милиони евра беа остварени во инвестицискиот сегмент (минатата година 20,8 милиони евра) и 3,3 милиони евра беа остварени од дејности што не е поврзани со осигурување (минатата година 6,6 милиони евра).

Матичното друштво на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, оствари деловен резултат пред оданочување од 79,8 милиони евра (раст од 20 проценти) и нето деловен резултат од 66,7 милиони евра (раст од 17 проценти).

 

Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство, достигна поволни 88,2 проценти и е помал за 2,4 процентни поени во споредба со минатата година. Штетниот количник се намали за 1,7 процентни поени и изнесуваше 61,7 проценти, што главно е резултат на поволните отштетни побарувања и отсуството на поголеми природни масовни штетни настани. Расходниот количник се намали, заради поголемиот раст на приходите во однос на трошоците за 0,7 процентни поени и изнесуваше 26,5 проценти. Профитабилноста на работењето со осигурување беше подобрена на сите пазари каде што работи Триглав.

 

Вкупните средства под управување на Групација Триглав по состав и обем беа споредливи со состојбата на крајот од минатата година. Од нивната вкупна вредност од 5,9 милијарди евра, вредноста на сопствените средства, средствата поврзани со осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик и средствата од финансиски договори изнесуваше 3,9 милијарди евра (индекс 100), додека средствата што се управуваат во заеднички фондови, како индивидуален имот, во пензиски фондови и како алтернативни вложувања достигнаа 2,0 милијарди евра (индекс 99).

 

Профитабилноста на финансиските вложувања на Групација Триглав, без средствата поврзани со осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик, изнесуваше 2,7 проценти (минатата година 3,0 проценти).

РАБОТЕЊЕТО НА ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ ПО СЕГМЕНТИ

Членот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Урош Иванц, изјави:

„За добриот полугодишен резултат на Групација Триглав најмногу придонесе резултатот во сегментот Имот, каде што, покрај поволните отштетни побарувања, го зголемивме обемот на осигурителното портфолио и остваривме висока профитабилност, заедно со солидни резултати од инвестицискиот дел. Во сегментот Живот, ја задржавме профитабилноста на новите склучени договори, со истовремено зголемување на резултатите на сегментот. Сегментот Здравство, каде што минатата година го реструктуиравме деловниот модел, забележа негативен резултат. Ова го очекувавме и очекуваме дека променливоста  ќе продолжи и во иднина. Во сегментот Управување со средства, ги зголемивме приходите од провизии и деловниот обем, додека резултатот од сопствените вложувања на Групација Триглав во овој сегмент опадна во споредба со претходната година, што е последица на состојбата на финансиските пазари.“

Сегмент Имот

 

  • Вкупниот деловен обем е зголемен за 20 проценти и изнесува 843,9 милиони евра.
  • Комбинираниот количник изнесуваше поволни 87,2 проценти.
  • Полугодишниот деловен резултат порасна за 36 проценти и достигна 91,1 милион евра.

                                                                                                                                                                          во милиони евра

 Клучни финансиски индикатори за сегментот Имот

 

1-6 2025 1-6 2024 Индекс
Вкупен деловен обем 843,9 705,0 120
Бруто полисирана премија 830,8 692,3 120
Резултат од работењето во осигурување 79,8 52,2 153

 

Приходи од осигурување 624,5 540,0 116
Настанати штети 338,3 266,2 127
Нето-инвестициски резултат 14,4 14,6 98
Резултат од неосигурително работење -3,2 -0,1
Добивка пред оданочување 91,1 66,8 136

 

Комбиниран количник 87,2% 90,3% -3,1 п.о.

 

Вкупниот деловен обем во износ од 843,9 милиони евра оствари раст од 20 проценти, што е еднаков на растот на премијата. Премијата се зголеми во поголемиот дел од групите на имотни осигурувања, а раст беше забележан и на повеќето пазари во регионот Адриа. Премијата на меѓународниот пазар се зголеми за дури 61 процент, при што најголем дел од FOS договорите се однесува на премии за автомобилско осигурување на полскиот, италијанскиот и грчкиот пазар.

Пресметаните штети во осигурувањето на имотот се зголемија за 27 проценти и изнесуваа 338,3 милиони евра. Минатата година, резервите за штети, формирани во 2023-та година, се намалија поради поплавите, но оваа година повторно пораснаа, како резултат на зголемениот обем на портфолиото и настаните што доведоа до отштетни побарувања.

Комбинираниот количник во сегментот Имот изнесуваше поволни 87,2 проценти. Во споредба со минатата година, тој е намален за 3,1 процентен поен, при што се намалија и расходниот количник и штетниот количник.

 

Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 36 проценти и достигна 91,1 милион евра. На тоа влијаеше добриот резултат од осигурителниот дел на работењето, додека резултатот од инвестицискиот дел остана на нивото од минатата година.

 

Сегмент Живот

 

  • Вкупниот деловен обем е зголемен за 8 проценти и изнесува 133,5 милиони евра.
  • Профитабилноста од нови склучени договори достигна солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 проценти). Маржата за договорна услуга, во износ од 273,2 милиони евра, остана на нивото од крајот на 2024-та година.
  • Полугодишниот деловен резултат порасна за 5 проценти и изнесуваше 14,5 милиони евра.

                                                                                                                                                                           во милиони евра

Клучни финансиски индикатори за сегментот Живот 1-6 2025 1-6 2024 Индекс
Вкупен деловен обем 133,5 123,1 108
Бруто полисирана премија 132,4 122,2 108
Резултат од работењето во осигурување 9,4 9,8 96
Приходи од осигурување 51,2 45,5 113
Настанати штети 14,8 12,0 124
Нето-инвестициски резултат 4,9 4,1 120
Резултат од неосигурително работење 0,2 -0,1
Добивка пред оданочување 14,5 13,8 105
CSM за нови договори/ Вкупен CSM 7,1% 9,6%
Нова бизнис маржа 12,2% 14,1%
30. 6. 2025 31. 12. 2024 Индекс
Маржа за договорна услуга (CSM) 273,2 272,2 100

 

 

Вкупниот деловен обем во износ од 133,5 милиони евра се зголеми за 8 проценти, колку што порасна и премијата за животни осигурувања. Висок раст е забележан кај премиите за капитални животни осигурувања, што пред сè е резултат на зголемените уплати и успешната продажба преку банките и агенциите во матичното друштво. Премијата се зголеми на повеќето осигурителни пазари на Групација Триглав.

Профитабилноста од нови склучени договори достигна солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 проценти).

Маржата за договорна услуга во износ од 273,2 милиони евра остана на нивото од крајот на 2024-та година, а уделот на новокреираната маржа за договорна услуга изнесуваше 7,1 процент (минатата година 9,6 проценти). Новокреираната маржа за договорна услуга достигна 19,3 милиони евра, од кои 44 проценти се однесуваат на капитални животни осигурувања. Ослободувањето на маржата за договорна услуга во деловниот резултат изнесуваше 19,1 милион евра, во споредба со 15,4 милиони евра во истиот период минатата година.

Деловниот резултат пред оданочување на сегментот Живот се зголеми за 5 проценти и достигна 14,5 милиони евра. На резултатот од осигурување (9,4 милиони евра) влијаеја, меѓу другото, и зголемените пресметани штети и расходи, додека Триглав оствари добар резултат од 4,9 милиони евра од инвестицискиот дел, и покрај неповолните услови на финансиските пазари.

 

 Сегмент Здравство

 

  • Вкупниот деловен обем е зголемен за 25 проценти и изнесува 29,9 милиони евра.
  • Комбинираниот количник изнесуваше 114,8 проценти (минатата година 99,6 проценти).
  • Полугодишниот деловен резултат пред оданочување изнесуваше негативни 3,1 милиони евра (минатата година 1,4 милиони евра).

                                                                                                                                                                          во милиони евра

Клучни финансиски индикатори во сегментот Здравство 1-6 2025 1-6 2024 Индекс
Вкупен деловен обем 29,9 23,9 125
Бруто полисирана премија 27,6 23,5 118
Резултат од работењето во осигурување -3,5 0,1
Приходи од осигурување 23,4 18,9 123
Настанати штети 16,5 9,1 181
Нето-инвестициски резултат 0,2 0,4 49
Резултат од неосигурително работење 0,2 0,9 24
Деловен резултат пред оданочување -3,1 1,4  
Комбиниран количник 114,8% 99,6% 15,2 п.о.

 

Групација Триглав, минатата година го реструктуираше деловниот модел на сегментот Здравство и оваа година продолжува со активности насочени кон раст и развој на дополнителното здравствено осигурување во Словенија и на другите пазари од регионот Адриа. Во првата половина од оваа година, во споредба со минатата, вкупниот деловен обем на сегментот се зголеми за 25 проценти и изнесуваше 29,9 милиони евра.

Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше -3,1 милион евра, во споредба со 1,4 милиони евра во истиот период минатата година (од кои 4,3 милиони евра се однесуваат на т.н. запрено работење). Сегментот имаше негативен резултат во првата половина од годината во делот на осигурувањето (поради зголемените пресметани штети, кои што се реализираа и покрај растот во резервите за отштетни побарувања, а како резултат на зголемениот обем на портфолиото), додека резултатот беше позитивен во инвестицискиот дел и во неосигурителната дејност. Групација Триглав очекува резултатите на сегментот Здравство да останат нестабилни и во периодот што следи, имајќи предвид дека овој сегмент се наоѓа во фаза на високи стапки на раст и релативно мал деловен обем.

 

Сегмент Управување со средства

 

  • Вкупниот деловен обем се зголеми за 7 проценти и изнесува 58,0 милиони евра.
  • Приходите од управување со средства (приходи од провизии) пораснаа за 10 проценти и достигнаа 25,2 милиони евра.
  • Полугодишниот деловен резултат пред оданочување изнесуваше 7,1 милион евра. Неговиот пад од 7 проценти во однос на претходната година, главно се должи на пониските приходи од вложувањата.

 

во милиони евра

Клучни финансиски индикатори за сегментот Управување со средства 1-6 2025 1-3 2024 Indeks
Вкупен деловен обем 58,0 54,2 107
Вкупни приходи 26,2 24,3 108
Оперативен резултат 6,1 5,9 103
Приходи од управување со средства 25,2 22,8 110
Нето-инвестициски резултат 1,0 1,7 60
Деловен резултат пред оданочување 7,1 7,6 93  

 

 

Вкупниот деловен обем достигна 58,0 милиони евра (зголемување од 7 проценти).

Деловниот резултат пред оданочување изнесуваше 7,1 милион евра (7 проценти помалку од минатата година). На него влијаеја 10 проценти поголемите приходи од управување со средства (приходи од провизии), во износ од 25,2 милиони евра и 40 проценти помалиот резултат од инвестицискиот дел, во износ од 1,0 милион евра, што е последица на намалувањето на вредноста на вложувањата во акции на сопствените средства во овој сегмент.

Вкупните средства под управување на Групација Триглав, на крајот на првото полугодие од 2025-та година, изнесуваа 5,9 милијарди евра, што е на нивото од крајот на 2024-та година.

во милиони евра

 Вкупни средства под управување 30. 6. 2025 31. 12. 2024 Indeks
Сопствено осигурително портфолио (1) 2.478,2 2.487,7 100
Договори за осигурување на живот каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик (2) 670,8 678,9 99
Финансиски инвестиции од финансиски договори (3) 745,2 739,5 101
Вкупно (1+2+3) 3.894,2 3.906,1 100
Управување со средства (заеднички фондови и сл.) (4) 1.974,8 1.987,6 99
Вкупно (1+2+3+4) 5.868,9 5.893,8 100  

 

Средствата под управување на Групацијата во заеднички фондови и средства под управување од индивидуални сопственици на портфолија, беа под влијание на состојбата на финансиските пазари.

 

 

Промени во нето средствата под управување (заеднички фондови и средства под управување од индивидуални сопственици на портфолија), во милиони евра
Средства заклучно со 31-ви декември, 2024-та година 2.269,9
Влијание од нето прилив (1) 19,6
Нето пазарно влијание (2) -89,0
Вкупно (1+2) -69,4
Средства заклучно со 30-ти јуни, 2025-та година 2.200,5

 

ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАРОТ
Групација Триглав на македонскиот пазар ја сочинуваат друштвата Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав пензиско друштво. Друштвата Триглав Осигурување и Триглав Осигурување Живот во првата половина од 2025-та година, го зголемија вкупниот деловен обем за 10 проценти на 23 милиони евра, додека вкупната бруто полисирана премија изнесуваше 21,7 милиони евра (во првата половина од минатата година 19,9 милиони евра). Покрај тоа, Групацијата, со пазарен удел, кој на крајот од првиот квартал годинава изнесуваше 14,1 процент, го задржа третото место на пазарот, на кој работат 17 осигурителни компании и каде премијата за осигурување во првата половина од 2025-та година порасна за 17,5 проценти.

Во првата половина од 2025-та година, Триглав Осигурување оствари раст на бруто полисираната премија во споредба со истиот период минатата година, а особено сме задоволни што во доброволното здравствено осигурување остваривме раст поголем од пазарниот. Дека нашите клиенти имаат доверба во сите сегменти на нашето работење, потврдуваат и резултатите од истражувањата, во кои што нашата компанија континуирано ја добива највисоката оценка за углед на македонскиот осигурителен пазар и е прв избор на клиентите кога станува збор за осигурување,“ изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Растот на полисираната премија и успешното лансирање на нови производи на друштвото Триглав Осигурување Живот, го потврдуваат лидерството во имплементацијата на новитети и стабилната позиција на пазарот. Посветени сме на понатамошен развој и иновации во корист на нашите клиенти и партнери. Со јасна стратегија и одговорен пристап кон ризиците, создаваме долгорочна вредност за осигурениците, акционерите и општеството во целина,“ изјави г-ѓа Христина Џамбазовска-Анастасов, Генерална директорка на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Добри резултати и раст во првата половина од 2025-та година оствари и Триглав пензиско друштво, кое што управува со средства во износ од речиси 235 милиони евра и забележа раст од 12 проценти во однос на крајот на 2024-та година. „Со постојани вложувања во автоматизација на процесите, современи дигитални алатки и подобрени услови за работа на нашите вработени и соработници, успеавме да достигнеме повисоко ниво на оперативна ефикасност и да овозможиме уште поголема транспарентност и подобро корисничко искуство за нашите членови, што нè прави сигурни дека ја оправдуваме нашата примарна улога како достоен пензиски партнер,“ истакна г. Тихомир Петрески, Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво.

ПЛАН ЗА 2025-ТА И СТРАТЕГИЈА ДО 2030-ТА ГОДИНА (финансиски индикатори)

  • Групација Триглав во 2025-та година предвидуваше деловен резултат пред оданочување во износ помеѓу 130 и 150 милиони евра. По првата половина од годината, ја зголеми својата прогноза и проценува дека ќе оствари резултат меѓу 140 и 160 милиони евра.

 

  • Нејзината стратешка амбиција е до 2030-та година да го удвои резултатот на ниво помеѓу 250 и 300 милиони евра.

 

  • Вкупниот деловен обем за 2025-та година беше планиран на повеќе од 1,8 милијарди евра, а по првата половина од годината се проценува дека ќе ја надмине планираната вредност за една третина. Амбицијата на Триглав е во 2030-та година деловниот обем да изнесува меѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра, а средствата под управување да надминат 10 милијарди евра.

 

  • Амбиција е комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство во периодот од 2025-та до 2030-та година, да биде под 95 проценти, а повратот на капиталот (ROE) во 2030-та година да изнесува меѓу 12 и 13 проценти.

 

  • Групација Триглав ќе се стреми да остане стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Нејзината амбиција е, во периодот до 2030-та година, во согласност со политиката на дивиденди, да исплати на акционерите околу 400 милиони евра дивиденди, задржувајќи ја притоа целната адекватност на капиталот и соодветните услови за раст и развој.

(Комерцијална објава)