Посетителите на Бали наскоро ќе можат да престојуваат во вила, која е адаптирана од „боинг 737“, а ноќевање во овој луксузен имот ќе чини 7.367 долари. Авионот сега е во процес на пренамена во вила со две спални соби. Исто така, има тераса на врвот од крилото и простран базен. Цената за престој во една од минималистички дизајнираните спални соби и за уживање во бањата во поранешната пилотска кабина не е баш на ниво на хостел за сурфање.
Проектот веќе е наведен како достапен за изнајмување, а цената по ноќ е околу 7.367 долари. Потребни беа седум дена за да се премести авионот на неговата нова локација откако беа добиени сите дозволи во септември 2021 година. Тој беше преместен на два одделни дела пред да биде повторно составен на новата локација.
Додека трупот останал со ист облик, кабината и системите за летање биле отстранети за да се направи простор за сè што можеби ќе биде потребно. Објектот се наоѓа на врв на карпа во близината на плажата Најанг Најанг, долга 1,5 километар, во близината на познатата дестинација за сурфање Улувату.