Британскииот премиер Борис Џонсон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за иранските ракетни напади врз воените бази во Ирак.
Според информациите, Џонсон го повикал Трамп да се обиде да ја релаксира ситуацијата и да избегне понатамошен судир, рекол портпаролот на британскиот премиер и додал дека двајцата државници договориле да останат во контакт.
Трамп за време на викендот се закани дека американските сили ќе гаѓаат 52 ирачки цели, доколку Иран се одмазди за убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.