Американскиот претседател, Џо Бајден, го продолжи своето претседателствување, по краткиот трансфер на власта на потпретседателката Камала Харис – првата жена во историјата на САД што ја извршуваше претседателската функција.
Американскиот претседател, кој беше подложен на анестезија поради рутинска колоноскопија, разговараше со Камал Харис и шефот на кабинетот.
„Тој беше добро расположен и повторно ја презеде функцијата“, напиша на „Твитер“ портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Таа прецизираше дека Џо Бајден моментално престојува во болница во близина на Вашингтон, каде што продолжува со рутинските прегледи.
Деталите за здравствената состојба на претседателот ќе бидат објавени подоцна во текот на денот.