Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската солидарност, која е главна цел на ЕУ.
-Овие популисти, националисти, глупави националисти ги сакаат само своите држави. Тие не ги сакаат оние кои доаѓаат од далеку. Јас ги сакам оние кои доаѓаат од далеку… ние треба да постапуваме солидарно со оние кои се во полоша ситуација од нашата- вели Јункер за Си-ен-ен, во пресрет на европските избори.
На прашањето дали антиевропските сили поуспешно ја мобилизираат својата база од проевропските, Јункер оценил дека секогаш е полесно да се мобилизираат негативните отколку позитивните сили.
Тронка надеж, Јункер гледа во тоа што се случуваше по одлуката Британија да ја напушти ЕУ во 2016 година.
-Од брегзит, бројот на оние кои се за ЕУ порасна бидејќи луѓето гледаат што се случува и видоа дека излегувањето од ЕУ не е толку лесно како што им било речено- истакна тој.
Јункер вели дека сака да заврши процесот на брегзит, затоа што, како што објаснува, тој ѝ штети на општата атмосфера во Европа. Смета и дека Британците треба да го поддржат планот на премиерката Тереза Меј, кој е договорен со ЕУ.