Јужна Кореја бележи најголемо зголемување на заболени од коронавирус во едeн ден, откако вчера беа потврдени 594 нови случаи.
        
Би-би-си известува декадосега се заразени 2.931 лица во Јужна Кореја од петокот, а починале 17 лица. Јужна Кореја има најголем број потврдени случаи надвор од Кина кадепрвично се појави коронавирусот. Епицентарот во Кина е градот Вухан.
        
Повеќето од заразените во Јужна Кореја се во градот Деаг, кој е центар на инфекцијата во оваа земја. Ширењето на вирусот е поврзано со христијанската група Шинчеонџи, која некои ја сметаат за секта. Властите веруваат дека членовите на групата се заразиле за време на мисата во градот Даег, по што го прошириле вирусот.
        
Постои загриженост за нови случаи на инфекција со коронавирус во САД, односно во Калифорнија и Орегон, а потеклото на инфекцијата е непознато.