Во 1987 година, шведската Академија на науките и уметностите нобеловата награда за литература му ја додели на рускиот писател Јосиф Бродски, еден од најголемите поети на 20 век.
Од својата петнаесетта година ја напуштл гимназијата и започнал да се самообразува. Работел како ложач, морнар, член на геолошка експедија и итн. Своите први дела ги објавил 1956 и 1958 година во емигрантско списание кое било објавувано во Германија. Во 1959 година во самоиздадената публикацијата „Синтаксис“, благодарение на потесата Ана Ахматова, објавил неколку песни.
Во 1964 година започнува неговата дисиденстка голгота кога за прва пат бил упасен поради општествен парзитизам и осуден на пет години присилна работа во областа Архангелск. Еден многу познат извадок од судскиот манускрипт е прокриумчарен на запад од страна на новинарката Фрида Видгорова: Судијата: А која е всушност вашата професија? Бродски: Поет. Поет преведувач Судијата: Кој ве прогласил како поет? Кој ве признал како поет? Бродски: Никој. А кој ме признал за човек? Судијата: Сте учеле ли за тоа? Бродски: За што? Судијата: За тоа да бидете поет. Сте се обиделе ли да завршите соодветен факултет? Бродски: Не мислев дека поет се станува со школување. Судијата: Туку како? Бродски: Мислам дека тоа потекнува од… (беспомошно)… од Бога… Судијата: Имате ли некаква желба на судот? Бродски: Би сакал да знам зошто сум уапсен. Судијата: Тоа е прашање, а не желба. Бродски: Тогаш немам желби.
Но проблемите на Бродски не завршиле тука. Во 1971 година советските власти го присилувале да се исели во Израел, меѓутоа тој одбил. Во 1972 година, властите му соопштиле дека има дваесет и четири часа за да се подготви за напушатање на Советскиот сојуз. Набргу пристигнал во Лондона, а од таму заминал за САД.
Бродски не се жалел до советските власти но на 4 јули 1972 година испратил писмо до советскиот лидер Леонид Брежње, непосредно пред протерувањето. Во писмото меѓу останата било напишано: „Иако го губам своето советско државјанство не престанувам да бидам руски писател. Верувам дека ќе се вратам: писателите секогаш се враќаат, лично или на хартија. Сакам да верувам дека и едното и другото е можно“.