Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји на денешната средба во Пекинг со американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД треба да престанат со нападите врз државната политика на Кина.
Ји на средбата посочи дека е „фрлена сенка на иднината на односите помеѓу САД и Кина“.
Помпео наведе дека Вашингтон и Пекинг имаат „фундаментални разлики“ за билатералните прашања.
– Силно сме загрижени од акциите што ги презема Кина и се надевам дека ќе имаме можност да разговараме прашањата за нашите односи – посочи Помпео.
Средбата Ји – Помпео посветена на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров се одвива во тензична атмосфера поради „трговската војна“ помеѓу Кина и САД.