Јапонскиот цар Акихито, кој ќе абдицира во април, денеска го одржа своето последно новогодишно обраќање од терасата на царската палата во Токио, пред десетици илјади луѓе.
Акихито, царицата Мичико и други членови на семејството отпоздравуваа на толпата од терасата на палатата во центарот на престолнината.
Осумдесет и петгодишниот цар ќе абдицира на 30 април. Престолот ќе го наследи на 1 мај неговиот син Нарухито.
Последниот јапонски цар кој абдицираше беше Кокаку во 1817 година.