Петмина полицајци и еден затвореник се убиени за време на бунт во полициски притворен центар во близина на Џакарта, кој и претходно беше на мета на исламските екстремисти.
Бунтот се случил синоќа во Депок, на периферијата на Џакарта, каде што пред четири дена беа уапсени тројца екстремисти кои планирале напади на полициски станици, пренесува АП.