Администрацијата за општи служби (ГСА) им ги овозможува на доаѓачките претседателски администрации во САД основните потреби за работа, како што се канцеларискиот простор и компјутерите, за транзицијата помеѓу објавувањето на изборните резултати и инаугурацијата да помине што полесно. Но, администраторката на ГСА, Емили Марфи, која беше назначена од Доналд Трамп, истакна дека не гледа потврда за победата на Џо Бајден, освен во медиумите. Од ГСА истакнуваат дека го следат преседанот поставен во 2000 година кога имаше спор и повторно пребројување на гласовите во рамки на претседателските избори.
Ова значи дека тимот на Бајден ќе остане без база во Вашингон барем до објавувањето на гласовите од електорскиот колеџ на 14 декември. Згора, ваквата ситуација сугерира дека сегашната администрацијата не би ги почнала разговорите со наследниците се додека не бидат истрошени и последните напори за останување на Трамп на власт.
Транзицијата помеѓу администрациите наидуваше на компликации и претходно. Во 2000 година имаше одложување од 37 дена помеѓу изборниот ден и пресудата на Врховниот суд која му го даде мандатот на Џорџ В. Буш.
– Доколку доаѓањето на новата администрација наиде на проблеми, Бајден веројатно би бил принуден да ги назначува нејзините членови преку состаноци на видеоплатформата Зум или на среби во неговите домови во Делавер. Овој проблем ќе ја направи транзицијата среде пандемија уште потешка и ќе испрати уште збунувачки сигнали низ светот за состојбата на американската демократија – заклучува „Тајм“.