Четворица луѓе загинаа, а тројца се повредени кога вчера попладне паднала дигалка од новата зграда на компанијата „Гугл“ во американскиот град Сиетл, објави Би-Би-Си.
Кранот паднал од зградата и се урнал на прометна улица, при што уништил неколку автомобили, изјавија од пожарникарската служба во градот.
Во несреќата загинале двајцата работници кои управувале со дигалката и две лица кои биле во автомобилите.
Една жена, нејзиното бебе и момче на возраст од дваесетина години, биле повредени и пренесени во болница.
Естер Нелсон, која била очевидец на несреќата, за „Сиетл тајмс“ изјавила дека кранот се скршил и паднал на улицата по налет на силен ветер.
-Половина од дигалката летна настрана, а другиот дел падна на улицата- објаснила таа.
Зградата на која бил поставен кранот претрпела сериозна материјална штета.