И по 33 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, сѐ уште не е дозволено слободно движење во ова подрачје, освен за време на строго контролираните туристички тури.
„Риптли“ организираше обиколка низ напуштениот град на духови и подрачјето околу реакторот кој во 1986 година ја предизвика катастрофата.
Популарноста на телевизиската серија „Чернобил“ предизвика зголемување на бројот на туристи кои сакаат да ги посетат електраната и градот на духовите.