Холандската наследничка на престолот може да се омажи за лице од кој било пол без да го загуби правото на круната, објави денеска холандскиот премиер, Марк Руте.
Седумнаесетгодишната принцеза Катарина-Амали е наследничка на престолот на кралот Вилем-Александар.
Руте одговараше на прашања од парламентарците по повод неодамна објавената книга Амали – повик за должност.
Во неа се наведува дека според старите закони, холандскиот монарх не може да биде во истополови бракови, иако таков брак е легален во Холандија од 2001 година.
„Владата верува дека наследничката на престолот може да се омажи за личност од ист пол“, напиша Руте како одговор во парламентот.
„Затоа, кабинетот не смета дека наследничката или кралот треба да се повлечат ако сакаат да се венчаат за партнер од ист пол“, додаде тој.
Меѓутоа, кралските венчавки треба да бидат одобрени од семејството, а членовите на кралската куќа понекогаш се откажувале од престолот за да се омажат за некого без да добијат дозвола или затоа што мислеле дека нема да добијат одобрение за брак.