Во сојузната американска држава Алабама е потпишан закон со кој дел од осудените педофили ќе подлежат на хемиска кастрација, пренесува Би-би-си.
Според законот, оние кои ќе бидат прогласени за виновни за сексуален престап со дете под 13 години ќе мораат да примаат лекови за намалување на сексуалниот нагон, еден месец пред да бидат условно ослободени. Судот ќе одлучува кога да се прекине со лекарствата.
Во моментов, во седум сојузни држави во САД, вклучувајќи ги Лујзиана и Флорида, има закони за хемиска кастрација.
Законот го потпиша гувернeрката на Алабама, Кеј Ајви, која истакна дека ова е чекор за заштита на децата во оваа сојузна држава.
Престапниците сами ќе плаќаат за овие лекови.
Што е хемиска кастрација?
Третманост за хемиска кастрација најчесто се прима преку таблети или инјекции, кои го блокираат производство на тестостерон во телото и го намалуваат сексуалниот нагон.
Во 2009 година, голем број на затвореници во Велика Британија учествуваа во пилот-проект за хемиска кастрација. Според криминалистичкиот психијатар Дон Грубин, учеството во проектот им овозможил да направат промени во животот.
Во 2016 година, Индонезија донесе закон со кој се дозволи хемиска кастрација, минимални казни и егзекуција за педофили кои се прогласени за виновни, завршуваат од Би-би-си.