Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги отфрли дополнителните санкции на Европската Унија против Русија во врска со ситуацијата на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални.
Мас рече дека се сомнева дали новите санкции против Русија ќе ја подобрат состојбата на критичарите во Кремљ, пренесува англиското издание на Радио Слободна Европа.
– Мислам дека ќе се случи спротивното – рече Мас.
ЕУ веќе воведе санкции против Русија за труење и затворање на Навални. Унијата исто така има санкции против Русија во врска со присилната анексија на украинскиот полуостров Крим и неговата улога во разгорувањето на конфликтот во источна Украина, пишуваат медиумите.
Додека сите овие санкции остануваат на сила, Мас рече дека е важно да се одржи дијалогот со Русија и да се избегнат можните ескалации на провокациите што се претвораат и во сериозни конфронтации.
Претходно минатата недела, министерот за надворешни работи на Франција, рече дека ЕУ ќе ги смета претседателот Владимир Путин и руските власти директно одговорни доколку Навални почине во затворот .
Но, еден ден по коментарите на францускиот министер за надворешни работи, Навални на 23 април објави дека става крај на штрајкот со глад во затворот.