Поради повреда на безбедноста во апликацијата која ја користи израелската конзервативна партија, хакери открија лични податоци на речиси 6,5 милиони Израелци, изјави експертот за кибер безбедност Ноам Ротем.
Апликацијата ја користи партијата „Ликуд“ на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, а откриените податоци вклучуваат имиња, адреси, матични броеви, место на кое гласаат, а во некои случаи и телефонски броеви, пол и партиска припадност, пренесе „АП“.