Француските средношколски протести се интензивираа денеска, при што се регистрирани неколку инциденти низ целата земја.
Во текот на последните неколку дена, учениците постепено почнаа да учествуваат во протестите на движењето „жолти елеци” против политиката на претседателот Емануел Макрон.
Денеска дел од средното училиште Сент-Егзипери во Бланјак, во близина на Тулуз, беше запален за време на протестот, соопштија локалните власти. Имаше судири во Лион, Марсеј, Бордо и Орлеан. Учесниците ги блокираа средните училишта во Кретеј и Версај во близина на Париз.
Претходно денеска францускиот премиер Едуард Филип го суспендираше планираното зголемување на даноците на гориво за најмалку шест месеци како одговор на протестите на „жолтите елеци”, кои во текот на викендот прераснаа во насилни во Париз и на други места.