Француска фрегата навлезе во Црното Море и нејзиното движење го надгледува руската Црноморска флота, соопшти Националниот центар за одбранбена контрола.
– Силите на Црноморската флота почнаа да ја следат ракетната фрегата на француската морнарица Оверњ, која навлезе во Црното Море – беше соопштено во Националниот центар, кој е дел од Министерството за одбрана на Русија, пренесуваaт руските агенции.
Движењето на француската фрегата се совпаѓа во исто време со растечките тензии меѓу Украина и Русија, анализираат медиумите.