Франција се подготвува за бран високи температури, кои, како што е најавено, неделава ќе надминат 40 Целзиусови степени, што би било рекорд за јуни.
Поради предвидената висока влажност, субјективното чувство во Париз ќе биде температура од 47 степени, наведе Би-би-си.
Властите во Париз го активираа третото ниво од планот за екстремни температури. Максимално е четвртото ниво, кое никогаш досега не било искористено.
Дури и денес температурата би можела да достигне 35 Целзиусови степени, а максималните температури се очекуваат в четврток и петок.
Поради екстремната топлина, ќе се инсталираат привремени фонтани, ќе бидат распоредени цистерни за вода и јавни базени.
Рекордно високи температури до крајот на јуни би можеле да се забележат и во Германија, Швајцарија и во Белгија.