Франција и Германија денеска потпишаа нов договор за пријателство. Тоа се случи во западниот германски град Ахен во денот кога се навршуваат 56 години склучувањето на Елисејскиот договор, јави МИА.
– Потпишуавњето на нов догвоор за француско-германско пријателство е чекор кон формирање европска армија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
-Двете страни даваат „придонес за формирање европска армија“ со тој текст, додаде Меркел.
Според неа, тоа ќе придонесе кон изградба на „заедничка воена култура и заедничка воена индустрија“. Таа вели дека документот е неопходен поради „сè поголемиот популизам и национализам“.