Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Авганистан поради развојот на безбедносната состојба во таа земја, соопшти денеска француската амбасада во Кабул.
„ Француската влада ќе организира специјален лет утрото на 17 јули, со поаѓање од Кабул, така што целата француска заедница ќе може да се врати во Франција“, велат од амбасадата, додавајќи дека тоа ќе биде единствениот лет, бидејќи нема да може да се изнајми дополнителен авион.
Амбасадата им соопшти на Французите кои имаат намера да останат во Авганистан по 17 јули дека по тој датум повеќе нема да можат да обезбедат безбедно заминување. Во соопштението се наведува дека „тимот во Амбасадата работи“, што значи дека засега дипломатската мисија останува отворена.