Корисниците од повеќе земји во светот пријавуваат проблеми со „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „ВацАп“. Најмногу пријави пристигнале од Европа, САД, па од Јужна Америкa.
Во некои земји, корисниците се соочуваат со проблеми со вчитување на податоци, додека во некои земји социјалните мрежи воопшто не функционираат.
На „Фејсбук“ и „Инстаграм“ се јавуваат проблеми при вчитување на фотографии, видеа и на други податоци, а на „ВацАп“ се јавуваат проблеми при испраќање на пораки.
Од „Фејсбук“ соопштија дека знаат за проблемот и дека работат за да ги вратат апликациите во нормала колку што е можно побрзо.
We’re aware that some people are having trouble uploading or sending images, videos and other files on our apps. We’re sorry for the trouble and are working to get things back to normal as quickly as possible. #facebookdown
— Facebook (@facebook) 3 July 2019
Проблемите почнале околу 8 часот изутринава.
Ова не е првпат овие три апликации да не функционираат. Во последниве неколку месеци, корисниците повеќе пати по неколку часа останаа без овие социјални мрежи.