Фејсбук објави дека го укинува својот систем за препознавање лица, кој автоматски ги идентификува корисниците на фотографиите и видеата, наведувајќи ја зголемената загриженост за употребата на таквата технологија.
– Регулаторите сè уште се во процес на давање јасни правила со кои се регулира употребата на таа технологија. Во средината на оваа постојана неизвесност, ние веруваме дека ограничувањето на употребата на препознавање лице на тесен сет случаи е соодветно – напиша Џером Песенти, потпретседател за вештачка интелигенција на Фејсбук.
Тој најави дека отстранувањето ќе биде глобално и се очекува да биде завршено до декември.