Фејсбук изјави дека денес ќе бидат објавени новите рестрикции за користењето на алатката за снимањето во живо, по нападот на џамиите во Нов Зеланд во кој беа убиени 51 лице и притоа сето тоа беше пренесено во живо на платформата, пренесува „Политико“.
Од компанијата велат дека корисниците кои ќе ги прекршат правилата ќе добијат забрана за користење на функцијата Фејсбук „лајв“ на одредено време, на пример 30 дена, почнувајќи од денот на нивниот прв прекршок.
-На пример, доколку некој сподели линк од изјава на терористичка група, веднаш ќе биде блокиран од користење на „лајв“ на одредено време – изјавил Гај Розен, потпретседател за интегритет на компанијата.
Фејсбук не ги наведе сите правила кои ќе ги користи за да ја зајакне оваа политика, но потенцираше на правила кои веќе постојат против ширење на терористичка содржина на Интернет. Исто така ја наведе и сегашната политика за „опасни индивидуи и организации“ која ги исклучува организациите вклучени во терористички активности, организирана омраза, сериски убиства, трговија со луѓе или организиран криминал.