Министрите на Европската Унија утрово гласаа за отворање на делумни трговски преговори со САД, Франција гласала против, а Белгија била воздржана, јави дописничката на МИА од Брисел.
Откако одлуката беше одобрена на амбасадорско ниво во ЕУ минатата недела, министрите денеска формално ја усвоија.
Преговорите ќе бидат фокусирани на индустриски добра и на стандардите за квалитет на производите, засега се исклучени земјоделските продукти.
За усвојување на одлуката беше потребно квалификувано мнозинство. Франција гласала против, а Белгија воздржано. Во двете земји е висок отпорот кај јавноста за слободна трговска зона помеѓу ЕУ и САД.