Украинските безбедносни служби соопштија дека го заплениле рускиот танкер „Нејма“ во украинското пристаниште Измаил, пренесоа руски медиуми.
Случајот е поврзан со инцидентот од ноември 2018 година меѓу двете држави во Кречката Теснина.
Тогаш руската воена морнарица задржа 24 украински морнари и три бродови под обвинение дека незаконски навлегле во руските територијални води, иако Киев негираше.
Според Украинската безбедносна служба тогаш танкерот „Нејма“ кој пловел под руско знаме го блокирал преминувањето на украински воени бродови низ Кречката Теснина.