Украина ќе изгради воена база на брегот на Азовското Море и веќе испрати дополнителни вооружени сили во реонот, како одговор на засилената руска закана, соопшти началниот на Генералштабот на украинската Армија, Виктор Муженко.
Според него, ваквата одлука е донесена поради активностите проруските сепаратисти во реонот на Донбас за зајакнување на нивните веони позиции на границата на Украина и поради „агресивни дејства“ на Русија против бродови кон пловат кон украинските пристаништа“.
– Сите активности што ги преземаме во реонот на Азовското Море се со цел да се зајакне нашето присуство во областа, со цел да дадеме адекватен одговор на евентуалните руски провокации, изјави Муженко.
Тој најави и дека украинската Вооружени сили во реонот веќе распоредиле дополнителни пешадиски и артилериски единици и припадници на Воената морнарица.
Азовското Море е стратешки „џеб“ од Црното Море на кое излегуваат и Русија и Украина.
Киев ја обвинува Москва дека го попречува пристапот кон украинските пристаништа со „измислени контроли“ и задржување на бродовите.
Русија од своја страна соопшти дека засилените контроли на бродовите во реонот се со цел да се гарантира безбедноста на Азовското Море и на Керченскиот Проток.
Керченскиот Проток се наоѓа меѓу Русија и украинскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, и ги поврзува Азовското и Црното Море.